Чуден случај во хостел во Загреб: Маж во женска облека пријавил дека Непалец се обидел да го силува
Жена доцна прексиноќа дошла на рецепцијата во хостел во Загреб, тврдејќи дека била жртва на обид за силување, по што била повикана полиција. Кога полицајците пристигнале во хостелот, излегло дека жртвата е всушност маж, странски државјанин, облечен во женска облека, пренесува „Н1“.
Жртвата ѝ го опишала на полицијата инцидентот што се случил во собата која ја делела со 24-годишното момче од Непал. Осомничениот потоа бил уапсен. Утврдено е дека тој имал проблеми со алкохолот и дека претходно бил пријавуван за блудни дејствија.
Истражен судија во Жупанискиот суд во Загреб на 24-годишниот Непалец му изрекол едномесечен притвор поради опасност од бегство и ризик од повторување на делото.
Тој во Хрватска престојувал врз основа на тримесечна дозвола за престој која важела до петок. Поради ова, по завршувањето на судската постапка и излегувањето од затвор, тој ќе биде протеран од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…
Американската армија подготвува војници за препознавање на…
Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…