Деветто обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

t

Ново, деветто обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поднесе Обвинителството од Струга, а судот му го одзеде пасошот поради опасност од бегство. Мерко со новото обвинение се товари за поставување спомен плоча на влезот од општинската зграда испишана на албански јазик, со што поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон, пишува во решението на ОЈО Струга.

Спомен плочата беше поставена на општинската зграда во Струга во март годинава, на која на албански јазик пишува „Основно училиште „Битолски конгрес – 1 септември 1941 година“. Јавноста бурно реагираше дека со ова обележје се велича фашистичката окупација, кога делови од западна Македонија во Втората светска војна ѝ беа доделени на Албанија.

Министерството за култура по извршениот инспекциски надзор во март прекршочно го казни Мерко со глоба од 1.500 евра, бидејќи плочата не била во петгодишната програма на Општината, а тој ја отстрани дури во јули годинава.

Одбраната на струшкиот градоначалник за одземениот пасош достави жалба до струшкиот суд, во која меѓу другото се наведува дека Мерко веќе прекршочно одговарал и не може за истото дело повторно да се гони.

Прекршочната постапка е правосилно завршена, што упатува на заклучокот дека кривичната постпака воопшто не би требало да биде поведена, со оглед дека постои законска забрана за гонење и судење за исто дело“, се наведува во жалбата од обвинетиот Рамиз Мерко.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од лани е на црната листа на САД поради вмешаност во корупција и влијание во судски процеси, а веднаш потоа Обвинителство почна со поднесување на серија обвиненија.

Со последното поднесено вчера, во судовите во Струга и во Битола, против струшкиот градоначалник ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, а во секоја му е запретена и затворска казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“

Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници…

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за…

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами,…

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 1000 ЕВРА ВО ЦРНА…

Од јануари следната година сите плати во…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

ТАВ го укина ограничувањето за бесплатен влез…

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која…