(Видео) Мециновиќ: Интервенцијата на Левица во Европската комисија носи стотици милиони во Буџетот

t

Интервенцијата на Левица во Европската комисија носи стотици милиони во Буџетот, велат од политичката партија Левица.

– „Интересна ситуација, во еден ден добивме закон во скратена постапка за реформа на даноци. Во ист ден го добивме на дневен ред, во ист ден го гласаме. Ќе го гласаме затоа што е добар! Но, сега е проблематичен и покажува дека ДПМНЕ нивното Министерство за финансии и премиер, немаат визија и се однесуваат импровизирачки, носејќи ад хок реактивни решенија на приликите, наместо да ги антиципираат како треба да биде.

Би посочиле на тоа дека ДПМНЕ покрај тоа што сега го донесува во последниот момент од 2024 година, во ’93-та минута, тие сепак во предизборието некого лажеа. Лажеа дека ќе намалуваат данок, а сега го зголемуваат! Сега ќе ви кажеме зошто. Затоа што ДПМНЕ првпат има изразена левичарска опозиција која се грижи за тоа што треба да усогласиме со европската легислатива.

“Анти-европската” Левица (која така ја огласувате), ви посочи пред месец дена, дека постои директива во ЕУ, сите членки, и сите аспиранти за зачленување, треба да имаат минимален корпоративен данок од 15% почнувајки од први јануари 2024 година.

Сега имаме најави дека некои големи фирми ќе го оспорат ова пред Уставен суд – ретроактивното дејство на овој закон. Иако ДПМНЕ лажеа, мора да се признае дека претходната Влада истото ова требаше да го има предивид и ако овој корпоративен данок се прогласи за неприменлив, кој ќе ја сноси вината? – Кој ќе плати пенали затоа што треба да се оданочи добивката на мултинационалните корпорации, иако требало.

Среќни сме што ова се прави поради Левица. За јавноста ќе потсетиме, кон крајот на ноември, преку сестринските партии во Европскиот парламент испративме барање до Европската комисија, за тоа што Мицкоски најавуваше, корпоративниот данок да се намали од 10% на 5%. – Дали да се држи до тоа, или пак да се држи до регулативите на Европската унија.

За еден месец се освести ДПМНЕ. Граѓаните треба да знаат дека со притисокот на Левица, во овој Парламент, стотици милиони евра, долгорочно ќе се задржат во Буџетот на РМ, кои инаку ќе се одлееја во странство.“ – истакна пратеникот Амар Мециновиќ.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…