Пронајден „кодошот“ кој ја издал акцијата на МВР во Арачиново?

t

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Лицето со иницијали Ќ.Б., е приведено поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.

Тој е приведен поради индиции дека дошол до информации за акцијата која се спроведуваше во Арачиново, а потоа ги кажал на припадници на криминална група, за тие да избегаат.

Како што објави Скопјеинфо, индициите за лицето се дека тоа сторило кривично дело-оддавање на службена тајна, па затоа, одземен му е и телефонот. Се е спроведено во координација со Обвинителството.

Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа. Првичните информации се дека приврзаници на групата „Беланоца“ дознале детали, кои е можно да протекле од телефонот на синот на поранешниот висок функционер во министерството, пишува Скопје1.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…