Вучевиќ: Обвинителството е при крај со истрагата за несреќата во Нови Сад
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека верува оти обвинителството е при крај со истрагата за уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.
„Можеме да очекуваме обвинение во наредните недели. Како адвокат велам дека се одвива исклучително брзо, изненадувачки брзо, но обвинителот веројатно има доволно факти, информации, податоци и докази за да биде подготвен да поднесе обвинение“, рече Вучевиќ во изјава за белградски медиуми.
Тој додаде дека е „природно, нормално и задолжително да се утврди кој е виновен, одговорен“, пренесе Бета.
Вучевиќ денеска изјави дека се подготвува голема и обемна кампања за борба против корупцијата и криминалот, против оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните за лично богатење и нагласи дека нема да има заштитени.
„Подготвуваме голема и обемна кампања за борба против корупцијата, криминалот и оние кои ја злоупотребија довербата на граѓаните за лично богатење. Тоа не значи дека тоа ќе биде лов на вештерки, законот ќе се почитува“, изјави Вучевиќ.
Вучевиќ и порача на опозицијата дека нема да има преодна влада и оцени дека, како што рече, во Србија се водат обиди за обоена револуција.
„Не е спорно дека треба да се смени владата, туку само на еден начин, а тоа е преку избори…Александар Вучиќ никому нема да даде мандат за привремена влада. Пратениците на Српската напредна партија никогаш нема да гласаат за таква влада, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк.
Зборувајќи за протестите, тој рече дека „владата нема проблем некои студенти да организираат свои блокади, но би било фер да дозволи другите студенти да полагаат“.
Тој рече дека „основните и средните училишта мора да работат… кога почнува вториот дел од учебната година. Конкретно, матурантите не смеат да се злоупотребуваат за утре да не можат да се запишат на факултетите, а времето не смее да се потроши“.
„Во август нема да има уписи на факултет…Внимавајте, ова е пред се порака за родителите на малолетните деца, но и вие матурантите кои сте полнолетни треба да се грижите за себе “ изјави српскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…