„Не видов“: Македонец се правел „наудрен“ кога го фатиле како вози 100 км над дозволеното
Македонски граѓанин чија етничка припадност не се открива тврдел дека не го видел знакот за дозволена брзина односно се правел ,,наудрен” кога го фатиле како вози 100 км над дозволената брзина.
Инцидентот кој се случил во вторникот во австрискиот град Нојкирхен на Вокла во областа Воклабрук.
Македонскиот граѓанин кој според австриските јазични правила се нарекува ,,северномакедонец” возел со неверојатни 128 км/ч во зона каде е дозволено само 30 км/ч.
На возачот кој има 28 години веднаш му било запленето возилото од марката Мерцедес АМГ.
Ново вакво возило, во зависност од моделот и опремата, може да вреди над 200 илјади евра.
Со одлука на судот може да му биде целосно одземено затоа што се работи за тешко прекршување на законот.
Полицајците веднаш го извлекле возачот на автомобилот од сообраќај и уапсениот го донеле во полиција каде изјавил дека го превидел ограничувањето на брзината односно дека не го видел сообраќајниот знак.
За загрозување на безбедноста македонскиот граѓанин може да добие и затворска казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…
Зеленски го осуди договорот на Трамп со…
Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…
Над 300 милиони луѓе во светот немаат…
На 10 октомври секоја година се одбележува…
Приведени директори и вработени во Национални шуми,…
Директор на подружница на ЈП „Национални шуми“…
Русите потврдуваат: Путин во разговорот со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор…