Детали за приведувањето на синот на високиот функционер: Тој бил „кодошот“ на криминалната група во Арачиново – ја издал акцијата, па тие избегале
Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Лицето со иницијали Ќ.Б., е приведено поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.
Тој е приведен поради индиции дека дошол до информации за акцијата која се спроведуваше во Арачиново, а потоа ги кажал на припадници на криминална група, за тие да избегаат.
Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа. Првичните информации се дека приврзаници на групата „Беланоца“ дознале детали, кои е можно да протекле од телефонот на синот на поранешниот висок функционер во министерството, пишува Скопје1.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градот Скопје најавува авионска дезинсекција против комарци…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во…
Пентагон разгледува план за повлекување речиси една…
Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени…
Хјуман рајтс воч: Пресудите за Тачи и…
Пресудите за воени злосторства против поранешниот косовски…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…