Русија со неповолен чекор за Западот: Го укинува мораториумот за распоредување ракети со нуклеарни глави

t

Русија ќе го укине мораториумот на распоредување на ракети со среден и краток дострел способни да носат нуклеарни глави, изјавил министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РИА Новости.

Според него, ова ќе биде одговор на САД.

Лавров го обвинил Вашингтон за распоредување на оружје од класата INF во различни региони на светот, спротивно на предупредувањата на Москва и Пекинг.

Рускиот министер истакна дека рускиот мораториум споменат досега останува во сила, но “денес е очигледно” дека “тој веќе е практично неодржлив и ќе мора да се укине”.

Лавров исто така додал дека Москва веќе му ја покажала на Вашингтон својата “одлучност да спроведе компензаторни мерки” со спроведување на “борбен тест” на балистичката ракета со среден дострел “Орешник”.

Од 2026 год САД ќе започнат со распоредување на ракети со голем дострел во Германија како подготовка за распоредување на долг дострел кое ќе вклучува ракети SM-6, Томахавк крстаречки ракети и ненуклеарно хиперзвучно оружје во развој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече таквиот чекор застрашување неопходно за да се обезбеди европската одбрана и зборуваше за неговата подготвеност да се откаже од овие мерки ако Русија ја запре војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец ги пријавил бабата и дедото дека…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28)…

Тинејџер кој туркал тротинет заврши со повреди,…

Тинејџер од Скопје тешко повреден откако вчера попладне…

Пукал со автоматска пушка, избегал со мопед,…

Полицијата го расчистува пукањето што се случи…

Сиљановска до младите: Земете ја сегашноста во…

Младите активно да бидат вклучени во процесите…

Средба на Муцунски со вршителката на должноста…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…