Без ВМРО-ДПМНЕ уставни измени нема да има, порача премиерот

t

Нема да има политичка волја додека јас ја водам Владата и додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Без ВМРО-ДПМНЕ нема да има уставни измени. Вака како што се конципирани, нема да има се додека јас ја водам Владата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан до каде е процесот со внесувањето на Бугарите во Уставот како еден од условите во Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ.

Мицкоски порача дека не е „авантурист или егзибиционист“.

“Газам на цврста штица. Ако носам било каква одлука, сакам да значи крај на еден процес, а не само почеток. Кога некој во Брисел ќе биде подготвен да разговара со мене за крај на процесот, тогаш и јас ќе бидам подготвен. Многу мудра изјава има дадено спикерот Гаши, бидејќи за разлика од некои поединци, тој е свесен за реалноста кај нас тука дека без ВМРО-ДПМНЕ нема уставни измени, додаде премиерот на последната прес-конференција во Владата за оваа 2024 година.

Со ова, Мицкоски го повтори ставот дека уставни измени нема да има без добиени гаранции од Брисел, односно, како што вели, заеднички изготвен јасен план дека нема понатамошна билатерализација на процесот на пристапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…