Од денеска возачки дозволи со новото уставно име на државата, регистарските таблички со ознака НМК
Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.
Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година и во него беше предвиден рок од пет години за промена на документите.
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024 година.
Покрај личните документи и возачките дозволи, македонските граѓани имаа обврска да ги сменат и регистарски таблички со ознака НМК.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК беше до 31 декември 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…