Објавено на:

Словенија од денеска е полноправна членка на Европската вселенска агенција

t

Словенија од денеска е полноправна членка на Европската вселенска агенција (ЕСА), меѓувладина организација чија цел е да обезбеди и промовира соработка меѓу европските земји на полето на вселенското истражување за мирни цели.

Програмите на оваа организација се насочени кон добивање информации за Земјата, нејзината вселенска средина, Сончевиот систем, како и развој на сателитски технологии и услуги, притоа промовирајќи ја европската индустрија.

Агенцијата тесно соработува и со вселенски организации надвор од Европа. ЕСА е основана во 1975 година, а на самиот почеток имаше 10 земји-членки.

Со влезот на Словенија, оваа организација сега брои 23 членки, од кои три се земји надвор од Европската унија (Норвешка, Швајцарија и Велика Британија), додека Канада е придружна членка.

Словенија со оваа организација соработува од 2009 година, а седум години подоцна стана придружна членка.

Барањето за полноправно членство Словенија го поднесе во ноември 2023 година на самитот во Севиља.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…