Прво си го убил газдата за кој работел, а потоа и неговата сопруга
Бранко П.(37) синоќа во преполно кафуле во Арилје прво го убил Предраг Новаковиќ (40), а потоа и неговата сопруга Ивана (37). Пукал меѓу гостите, а по грозоморното злосторство, суровиот убиец побегнал, но полицијата набрзо го пронашла и го уапсила.
Очевидци за српските медиуми велат дека Бранко, кој е од Прибој, работел во ладилник кај Новаковиќ, но и дека имал и некој друг деловен договор со нив, но засега мотивот за страшното криминално дело не е познат.
Тешко ранетите сопружници веднаш биле пренесени во болницата во Ужице, но Предраг веќе бил мртов, додека неговата сопруга и покрај напорите на лекарите да и го спасат животот, набрзо и подлегнала на повредите.
На социјалните мрежи сите се згрозени од грозоморното злосторство во кое можеше да биде убиен еден од гостите.
Да пукаат во толпа луѓе кон нивните работодавци, прво во газдата, па да отидат во друг дел од кафулето и да му ја убијат сопругата… Цел град тагува“, напишал еден жител на Арилје, додека друг сограѓанин продолжил со информација дека во моментот на пукањето кафулето било преполно и дека во него имало и деца.
Како што пишува РТС, на трагичниот настан му претходела тепачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…