Само стазата остана без Северна: „Македонија“ ќе се вика стазата на ски центарот „Михајлово“ кај Кавадарци
На првиот ден од новата година и нова инвестиција. За љубителите на зимските спортови, од денеска отворен е новиот скијачки центар „Михајлово“ и првата скијачка патека наречена „Македонија“. Снег на Кожув има, а скијачкиот центар се наоѓа на 35 километри од Кавадарци. Ресортот располага со ресторанско, хотелско и индивидуално сместување.
„Ова е прва стаза меѓутоа со тек на време за тука се замислени да се прават уште две стази. Не магаломански но за потребите на регионот за потребите на нашите жители. Кавадарци се впишува во мапата на градови каде што се развива туризмот. Ќе се бориме заедно со премиерот и Владата да го отвориме и граничниот премин кој е на само неколку километри со република Грција. И со тоа мислам ќе привлечеме многу туристи и од Грција и од други земји и поголем развој на туризмот“, изјави градоначалникот на општината Митко Јанчев.
Патеката што во текот на зимата ќе се користи за скијање, в лето ќе може да служи за спортови со велосипед и други спортски и рекреативни активности. Со возилаод снег се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, заради безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.
Со ски-центарот ќе стопанисува спортскиот центар „Јасмин“. Теренските работи на ски-центарот се донација од компанијата „ЈА МИ“ – Кавадарци, а инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000 евра се од Комерцијална банка, а 115.000,00 евра од „Кожувчанка ДОО“, компанијата на градоначалникот Јанчев.
Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, од каде има организиран превоз до планината. Повратен автобуски билет чини 280 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци,…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Маж-монструм од Гостивар: Сопругата ја принудувал на…
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС…
Шумски пожар се шири на грчки остров…
Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…