(Видео) Со молотови коктели и огномети ја гаѓале полицијата – стотици уапсени по новогодишните немири во Брисел
Полицијата во Белгија се соочи со многу немири во текот на новогодишната ноќ, проследени со голем број инциденти на повеќе локации, запалени автомобили и стотици апсења.
Престолнината Брисел, иако позната како центарот на Европа, на новогодишната ноќ беше центар на вандализмот, криминалот и насилството. Во период од 13 часа биле уапсени 159 лица, полицијата дејствувала на повеќе од 1.700 локации каде бил пријавен инцидент и биле уништени над 60 автомобили.
-Немирите се случувале во западниот и јужниот дел од градот, каде претежно живеат мигранти. Лицата палеле автомобили и по реакција од противпожарните служби, тие со камења и молотови коктели ги палеле пожарните возила и ги напаѓале пожарникарите, што во неколку случаи довело до повлекување на групите за интервенција – соопшти бриселската противпожарна служба.
„Беше навистина лудо. Бевме таму за да помогнеме, а врз нас фрлаа молотови коктели“, изјави портпаролот на противпожарната служба Валтер Дерију за Политико.
Бриселската полиција првпат во историјата обединила полицајци од шест полициски зони, а низ градот биле поставени стотици полициски службеници задолжени за зачувување на мирот за време на прославите.
Во една од општините на Брисел, Иксел, мотоциклист со огномет гаѓал кон минувачите.
Покрај мерките за претпазливост на владата за спречување на криминалот за новогодишната ноќ, меѓу кои во Андерлехт бил воведен полициски час за лица до 16 години, во градовите насекаде имало огномет, се палеле петарди и факели.
Во вториот град по големина, Антверпен, пак, полицијата уапсила 49 лица.
Евидентни се штетите од новогодишните немири, кои во Белгија стануваат некоја чудна традиција. Сè на сè, по новогодишната прослава, во Белгија биле уапсени над 200 лица кои предизвикале немири и насилство.
„За жал, тоа станува вообичаена работа“, изјави Дерију.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа…
Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот…
(Во живо) Филипче: Ќе иницирам средба на…
Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се…
Џеј Ди Венс: САД и Европа се…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави…
РЕКОРД: Бројот на банкроти во Европа на…
Бројот на банкроти во Западна Европа минатата…