Мицкоски ќе оди во Вашингтон во време на инаугурацијата на Трамп
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 18 јануари заминува за САД, што се совпаѓа со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, која ќе се случи на 20 јануари. Во интервјуто за МИА, Мицкоски вели дека во Вашингтон ќе побарал поддршка од стратешкиот партнер за евроинтеграциите. Тој вели дека бил предвидени многу средби и разговори со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон.
Но не е јасно со кој администрација. Оваа на Бајден тогаш ќе биде во целосно заминување, додека таа на Трамп треба да се формира, а номинираните министри мора да поминат низ процес на конфирамција во Сенатот. Низ тој процес треба да поминат и врвните дипломати во Стејт департментот. Единствениот висок функционер во кругот на Трамп кому не му е потребна конфирамција во Сенатот е идниот советник за национална безбедност Мајкл Волц.
За патувањето во Вашингтон Мицкоски рече:
„Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Навистина ќе имам квалитетни средби од тоа што е досега договорено со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон и очекувам да го привлечам вниманието и со поинаква оптика да гледаат кон Балканот. Мораме прво регионално да го привлечеме вниманието, односно оптиката на Вашингтон да гледа кај нас како регион, не како единка во тој регион. Ако го гледаме Балканот како целина, како регион, тогаш низ оптиката на Вашингтон поубаво можеме да ги гледаме работите и сакам сето тоа да го презентирам таму кои се предностите коишто ние како мала, убава земја во срцето на Балканот ги нудиме, но и кои се предизвиците за регионот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…