(Фото доказ) Уредникот на Инфомакс го фати жив заменик директорот на Македонија пат!

t

Го гледам оној заменик директор на Македонија Пат од Битола. Некојси лик, на кого шеф му е човек со основно образование.

Обвинет е од здруженијата дека убил мечка и си објавил слики со неа. Демек, јакиов ловџија.

Сега се правда дека мечката била удрена од кола, и он отишол да ја собере и тогаш се сликал. Па демек имало агенда против него, намерно му праеле хајка. Кој си ти бе друже? Кој фактор си ти за тебе некој да ти праи, пази, агенда? Што се силиш?

Еве кажи, дали ти стварно мислиш дека некој ќе ти верува на приказната дека мечката била удрена од возило на патот Битола-Ресен и ти си отишол да ја отстраниш? Со пушка? Во ловџиско одело?

Па не е народов бе друже со основно, така можеш да си го лажеш директорот.

Дали мислиш дека ќе лажеш и полиција? Си однел слики од згазнато мече на асфалт и лажеш дека тоа е мечката што си ја утепал у планина?

Нели јак муж, што се плашиш сега? Што се правдаш? Кого мислиш дека ќе излажеш?

Да те потсетам, од една до пет години е за убиство на мечка.

П.С.

Подлу на сликата е заменик директорот на Македонија Пат од битолската подружница, фотографиран со убиена мечка, со пушка и во ловечко одело. Другата слика е од згазнато мече на патот Ресен-Битола со која ловџијава се правда дека тоа е истата мечка која “не ја убил”.

Фејсбук статус на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…

Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните…

11 септември 2001 година беше еден од…

Македонскиот рубин добива „пасош“: Сертификат, регистар и…

Македонскиот рубин треба да престане да биде…