Проверките за издавање на НАТО сертификат ги прават домашните институции, вели Хаџи Јанев
Проверките за издавање на НАТО сертификат се прават во земјата членка на Алијансата односно ја прават домашните безбедносните институции, објаснува за „Слободен печат“ универзитетскиот професор и експерт за безбедност, Методи Хаџи Јанев откако беше објавено дека директорот на Агенцијата за национална безбедност добил позитивно мислење и НАТО сертификат иако се спореше неговиот сертификат по англиски јазик како и дипломата од економскиот факултет од Универзитетот Скопје.
Тоа значи дека АНБ, институцијата со која раководи Христовски ги правела проверките за него. Тој во првичните изјави за јавноста кажа дека веднаш по неговото назначување, на 18 октомври, поднел барање за издавање на национален и НАТО сертификат и дека во име на АНБ, постапката ја води заменик – директорот на Агенцијата.
Како што анализира Хаџи Јанев НАТО прави проверки, но само за исклучително внатрешни потреби.
-Не е исклучено да даде забелешка, ама тоа е ретко и во екстремни случаи. Сите забелешки кај нас се од дома, на домашен предлог на многу бледи докази. НАТО е само чадор кој има свои стандарди да, ама во голем дел одржливоста на тие стандарди е на земјите членки. Бидејќи се претпоставува дека во текот на пристапните процеси земјата ги исполнила клучните аспекти на демократско владеење и се усогласила со идеолошката рамка, и матрица на која работи НАТО. Улогата на НАТО не е да го осигурува внатрешниот полички тек туку да се фокусира на тоа дали земјата ги исполнила одбранбените стандарди, објаснува Хаџи Јанев.
Тој додава дека ако некој има НАТО сертификат тоа не значи дека може да пристапи до сите документи во НАТО.
-Може да пристапите до строго одредени места за тоа. Можете да пристапите до строго определени информации ако се наменети за вас. И да немате НАТО сертификат, НАТО може да ви даде ад хок пристап- сертификат, да учествувате на одреден собир или важен митинг и тој сертификат е просторно и временски ограничен, вели професорот.
Хаџи Јанев анализира дека НАТО сертификатите кај нас се користат како модел за политичка селекција, односно овој процес е често под сериозен политички инженеринг, повикувајќи се на НАТО.
Тој повеќе пати во јавноста ја истакнува пренагласена тајност во одлучувањето и потребата од надминување на старите практики и дека безбедносните проверки што треба да се направат и се прават треба да бидат ослободени од потенцијална злоупотреба за политички пресметки. Според него, лек за тоа е да се одважи јавниот обвинител и да побара давање на целосно образложение за одбивањето на сертификатот.
Тој вели дека легално е дозволено јавен обвинител со сертификат, правобранител со сертификат и судија со сертификат да може да имаат увид во прецизните причини заради кои лице не може да добие сертификат.
-Немањето на транспарентност и отчетност, односно немањето на кривична пријава за злоупотреба на службената положба си го прави своето. Не е точно дека не може да се покрене кривична одговорност. И те како може. Парницата се затвора и се бара доказот. Изворот не мора да се каже и не треба заради безбедносни мерки. Ама доказот мора да е силен, не може да е вербално сомнение или јас мислам или ми кажаа, или овој седел на кафе со оној и слично, објаснува тој.
Инаку добивањето на НАТО сертификат вклучува постапка, во која се доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, и тоа од страна на офицерот за безбедност на класифицирани информации (кој треба да го има секоја институција).
Кон ова барање се приложуваат документи како (прашалник со потпишана изјава, копија од л.к. или пасош, како и потврда за положен тест за класифицирани информации, како и да се наведе кој степен на класификација се бара.За да се издаде ваков сертификат, се прави безбедносна проверка најчесто од АНБ или од воената служба за воени лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проверките за издавање на НАТО сертификат ги…
Проверките за издавање на НАТО сертификат се…
Трамп ја повика Британија да ги демонтира…
воизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја…
Италијанската премиерка за Маск: Тој е брилијантен…
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони го бранеше американскиот…
Заложничка криза во Франција: Осуденик го држи…
Во моментов е во тек заложничка криза…
Москва: Западот е свесен дека е можен…
Западот го забележаа падот на способноста на…