Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените

t

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има несакани појави. 

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите, што претходно ги зголемија на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне цените. 

Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата, не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, некаде 15, некаде и повеќе проценти. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите што следат, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека Ско некој мисли дека владаа не го следи сето тоа, се лаже.

Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш. 

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, на новогодишниот брифинг со медиумите, информираше дека има готова изготвено одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи, веднаш ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…