Покачување од 20%- еве колку чини лебот во Бугарија во новата година
Во Бугарија се бележи значително зголемување на цените на лебот, откако од 1 јануари се врати ДДВ стапката од 20 проценти.
– Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување, изјави Марија Кабамитова, сопственичка на мала продавница во Пловдив, пренесува Медиапул. (1 лев = 31.47 денари)
Во Стара Загора, најголемата пекарница доставува леб од 600 грама по цена од 1,56 до 1,60 лева, а крајната цена за потрошувачите зависи од маржите на продавниците.
Зголемувањето на цените е поврзано и со поскапувањето на електричната енергија, водата и минималната плата. Пекарниците најавуваат дополнителни покачувања во наредните месеци.
Во Шумен и други градови како Дупница и Пазарџик, цените на лебот се зголемени за 20-30 стотинки, а леб под 2 лева веќе не се продава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…