На 8 и 9 јануари моштите на свети Стефан Првомаченик ќе бидат изложени во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

t

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во предвечерието на празникот Свети првомаченик и архиѓакон Стефан, 8 јануари (среда) во 17:00 часот, ќе ги донесе моштите на првомаченикот Стефан во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, а потоа ќе служи Вечерна богослужба. По богослужбата црквата ќе биде отворена до полноќ за чествување на моштите.

Утредента, во четврток 9 јануари, кога Црквата го чествува првомаченикот Стефан, епископот Стојанов во 09:00 часот ќе служи света архиерејска Литургија во црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица. По Литургијата моштите ќе бидат изложени и верниците ќе имаат можност да ги чествуваат во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…

Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…

Реков дека ќе има ред во Струмица…