Бадникови Поворки и свечен собир: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

t

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.01.2025 (понеделник) по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација, информираат од МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бадникови Поворки и свечен собир: Утре посебен…

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје…

КАЈ И ДА СИ, ЗА БАДНИК И…

Бадник се нарекува денот пред роденденот на…

Полицијата со полни раце работа, се апсеа…

На 04.01.2025 година во 21.45 часот во…

Зеленски за дезертерите: Војната е долга, луѓето…

Украинскиот лидер Володимир Зеленски призна дека дезертирањата…

Течат подготовките! Во понеделник е Бадник, во…

Православните христијани веќе се подготвуваат за одбележувањето…