Кремљ ги негираше тврдењата: Путин не планира средба со Шолц или Трамп
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли тврдењата дека се работи на организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц или новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
– Во моментов нема планови во оваа смисла, изјави Песков за агенцијата ТАСС.
Претходно, пратеникот во германскиот Бундестаг Родерих Кизеветер изјави дека Шолц би можел да ја посети Москва пред крајот на февруари, додека средбата меѓу Трамп и Путин е „планирана за март“.
Шолц денеска изјави дека обвинувањата на пратеникот на опозициската Христијанско-демократска унија Родерих Кизеветер за неговото наводно претстојно патување во Москва се лажни и дека „таквите гласини се длабоко непристојни“.
Кизеветер вчера на платформата Х напиша дека Шолц би можел да отпатува во Москва и да се сретне со рускиот претседател пред 23 февруари, додека средбата на Трамп со Путин е закажана за март.
Тој не наведе никакви извори на информации.
– Ова е лажна и длабоко непристојна изјава, рекол Шолц на состанок на неговата партија, пренесува мрежата РНД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…