Птичји грип во Албанија – десетици угинати птици
Во албанскиот приморски град Валона, во областа „стара плажа” пронајдени се десетици угинати птици.
-По добиената информација од жителите од областа, стручни лица од ветеринарната служба пристигнаа и земаа мостри кои ги испратија на анализа до Институтот за безбедност на храна и ветеринарство во Тирана. Одговорот се очекува за три дена. Сепак основано се сомневаме дека причина е птичји грип, соопштија од ветеринарната служба.
Додаваат дека за да се елиминира ширењето на грипот, птиците биле уништени.
Посочуваат дека ризикот од преминување на вирусот кај луѓето е мал и оти преносот се јавува преку контакт со болни птици.
Претходно во земјата беа регистрирани две жаришта со птичји грип во фарми со живина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птичји грип во Албанија – десетици угинати…
Во албанскиот приморски град Валона, во областа…
ДУИ за ветото на Сиљановска Давкова: Ова…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја…
Апасиев: Дали тоа Претседателката го слушна апелот…
Претседателот на Левица Димитар Апасиев, на својот…
Кремљ ги негираше тврдењата: Путин не планира…
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли…
Возете внимателно: Итната помош со зголемен број…
Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен…