Колона возила, на враќање од скијање во Маврово, заглавена кај Леуново
Целодневниот денешен хаос во сообраќајот за влез и зилез од скијачкиот центар Маврово, вечерва завршува со колона возила кај Никифорово-Леуново. Попладневното пренасочување на сообраќајот околу Мавровското Езеро предизвика голема колона возила, сега заглавена од другата страна на езерото, пренесува МКД,мк.
Колоната е километарска, со часово се стои во место. Социјалните мрежи се преполни со гнев кон неспособноста на општинските власти, на полицијата на одговорните.
Во возилата има семејства со мали деца, а некои останаа и без гориво. Што точно е причината за ваквиот застој, засега нема официјална информација.
Од Центарот за управување со кризи се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…