Се нормализира сообраќајот околу Мавровското езеро, возилата се пропуштаат наизменично
Се нормализира сообраќајниот хаос кој попладнево настана на патот околу Мавровското езеро. Заглавените колони возила се расчистени и сообраќајот се одвива во зимски услови, а полициски службеници го регулираат сообраќајот од Бунец кон Леуново и ги пропуштаат возилата наизменично, пренесува МИА.
Според информациите, испратени се и возила на ЈП Македонија пат, бидејќи движењето е дополнително отежнато поради снегот.
Повеќе граѓани на социјалните мрежи попладнево реагираа дека со часови седат заглавени во своите возила и не можат да поминат. Како што пренесе „Телма“, дел од нив се жалат дека резервоарите за гориво им се при крај, а полицијата ги пренасочува да се враќаат од кај Леуново и Никифорово, бидејќи нема услови за движење од другата страна.
Од СВР Тетово за „360 степени“ потврдија дека имало застој и велат дека метежот настанал бидејќи многу граѓани речиси истовремено тргнале да си одат од Маврово. Објаснуваат дека секоја година во зимскиот период се прави кружен тек, но некои возачи не ги почитуваат препораките што доведува до поголем сообраќаен хаос. Потенцираат дека на терен се испратени дополнителни полициски екипи да го регулираат сообраќајот и дека движењето веќе се одвива со побрзо темпо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Сплит: За еден час падна…
Силно невреме утрово го зафати хрватскиот град…
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Канадски претприемач гради 99 куќи за да…
Канадскиот претприемач Марсел Лебрун ја продаде својата…
Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…
Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…
Кина со амбициозна цел: 70 отсто од…
Кина постави цел до 2030 година електричните…