ПРВО ДОГОВОР СО ТРАМП, ПОТОА ПРЕГОВОРИ СО ПУТИН: Зеленски бара гаранциите за Украина да ги обезбедат САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека гаранциите за безбедност на Украина ќе бидат ефикасни само доколку ги обезбедат САД. Во гостување на поткаст кај Лекс Фридман Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.
– Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин – изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман.
Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.
Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРВО ДОГОВОР СО ТРАМП, ПОТОА ПРЕГОВОРИ СО…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека гаранциите…
Од “PayPal” до вселената: Како Илон Маск…
Продажбата на "PayPal" на "eBay" во 2002…
Бадниково гранче – неговото значење и традиција
Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ,…
СДСМ: Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија…
Поради неисчистени патишта од страна на државното…
Повеќе од 1.300 летови низ САД се…
Повеќе од 1.300 летови беа откажани денеска,…