Криза во австриската влада: Шаленберг најави оставка под водство на Кикл
Иако претседателот Bандер Белен ја почитува изборната волја на граѓаните, останува нејасно дали Кикл ќе успее да формира стабилна влада која ќе се справи со националните и меѓународните предизвици. Ова прашање има големи импликации за иднината на Австрија, а резултатите од преговорите ќе покажат дали земјата ќе тргне по нов политички курс или ќе се соочи со дополнителни проблеми.
Александар Шаленберг, актуелниот министер за надворешни работи од редовите на Народната партија на Австрија (ОВП), одлучи да ја напушти својата позиција доколку Херберт Кикл стане канцелар. Неговата портпаролка ја потврди оваа одлука за порталот oe24.
Шаленберг повеќе пати јавно истакнуваше дека не би бил дел од владата во која Кикл, лидерот на Слободната партија на Австрија (ФПО), би бил канцелар. Сега, во светло на можната коалиција помеѓу ОВП и ФПО, тој презеде конкретен чекор и објави дека под водство на Кикл нема да остане на функцијата министер.
Ситуацијата на политичката сцена во Австрија дополнително се заострува. Претседателот Александер ван дер Белен му го довери на Херберт Кикл мандатот за формирање нова влада. Во своето кусо обраќање, по едночасовниот разговор со Кикл во Хофбург, вандер Белен истакна дека оваа одлука не била лесна. Сепак, тој нагласи дека ја почитува изборната волја на граѓаните и парламентарното мнозинство.
-Господинот Кикл верува дека може да пронајде одржливи решенија во рамките на коалициските преговори и е подготвен да ја преземе таа одговорност – изјави претседателот.
Една од клучните причини за оваа политичка состојба е промената на ставот на ОВП. Народната партија сега покажува подготвеност да преговара со ФПО, дури и под водство на Кикл. Тоа предизвика бројни реакции на политичката сцена, но и меѓу граѓаните.
Лидерот на Социјалдемократскатапартија (СПО), Андреас Баблер, предупреди на опасностите што може да ги донесе „сино-црната“ коалиција. Тој укажа на можен „радикален курс на штедење“ и изјави дека СПО ќе остане со граѓаните, бранејќи ги нивните права и интереси.
Сличен тон доаѓа и од либералната партија НЕОС. Генералниот секретар Даглас Хојос го нарече мандатот на Кикл „неизбежен“, но изрази сомнеж во способноста на лидерот на ФПО да ги реши проблемите што со години жестоко ги критикуваше. Хојос посебно ја нагласи важноста од залагање за реформи, економска консолидација, образовниот систем и активната улога на Австрија во Европската Унија и меѓународните организации.
Додека коалициските преговори продолжуваат, австриската политичка сцена е во состојба на исчекување. Дали Кикл ќе успее да формира влада и какви последици ќе има тоа за иднината на земјата, останува да се види.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…