На Клиничката биохемија ќе се работи со скратено времето за побрзо добивање здравствена услуга

t

Со новото раководство на Клиничка биохемија се воведе ново поглавје во работата на оваа јавна здравствена установа. Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од 4 реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга.

-Еден од поголемите предизвици со кои се соочуваа пациентите на Клиничка биохемија беше сликата со гужви пред лабораторијата каде пациентите чекаа и по два часа.
Сега оваа слика е комплетно сменета. Со обновување на постојната апаратура, со оптимизација и целосна автоматизација, а предвидена е и надградба на истата во наредната година, како и тимската работа овозможуваме забрзување на приемот на пациентите,вели д-р Николина Гроздановска, директорка на УИ за клиничка биохемија.

Додава дека процесот за прием на пациенти, кој претходно беше просечно околу 2 часа, со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути.
-Изразувам посебна благодарност до сите здравствени работници и вработените на Клиничка биохемија кои се дел од овие процеси, во интерес на пациентите, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…