Светска банка: Косово сè уште е најсиромашно во регионот
Според наодите на Светска банка, Косово сè уште се соочува со висока стапка на сиромаштија и е најсиромашно во регионот и во Европа воопшто. Заменик-директорот на Светска банка за Косово, Џејн Спроустер, за приштинската телевизија РТВ 21 изјави дека приходот по глава на жител е сè уште низок во споредба со просекот на земјите членки на ЕУ, а стапката на сиромаштија е сè уште повисока, нешто над 19 проценти.
„Ние веруваме дека за да постигне одржлив напредок во намалувањето на сиромаштијата и зголемувањето на заедничкиот просперитет, Косово мора да премине кон модел на конкурентен економски раст кој создава повеќе и подобри работни места за сите жители на Косово“, рече таа, пренесува Н1.
Спроустер, исто така, изјави дека „обезбедувањето доволно квалитетни работни места за младите жители на Косово ќе помогне да се премости јазот во приходите со ЕУ“. Според неа, нивото на бруто домашниот производ на Косово е најниско во регионот и во просек изнесува 5.589 евра и дека поради ваквото економско ниво, граѓаните се жалат дека месецот тешко се поминува со приходите. На почетокот на 2024 година, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) извести за продлабочување на сиромаштијата во Косово. Според таа организација, 10 отсто од семејствата во Косово преживуваат со помалку од две евра дневно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…