Денеска се празнува Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Јерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш, посрамени, Евреите свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел. Стефан ги отвори своите усни и ги наброја многуте добрини и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господа Христа, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие шкрипеа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“. Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Телото на светиот Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот првомаченик и архиѓакон…
Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите…
Денеска се празнува Собор на Пресвета Богородица
На вториот ден од Божик, христијанската Црква…
Денеска се празнува Преподобната маченичка Евгенија
Ќерка на Филип, којшто беше епарх на…
Денеска се празнува Светата великомаченичка Анастасија Узорешителница
Оваа славна ревнителка на Христовата вера се…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Овој свет маж е наречен Богоносец затоа…