Девет фудбалери си заминуваат од Вардар
Македонскиот прволигаш Вардар преку официјалниот веб-сајт соопшти дека клубот го напуштаат девет фудбалери, откако претходно беше објавено дека се прекинати договорите со Мартин Блажевски и Давид Велковски.
На официјалниот профил на „црвено-црните“ на „Фејсбук“ беше соопштено дека е прекинат договорот со Блажевски и Велковски, но потоа беше дополнета листата со уште неколку имиња.
Скопскиот тим им се заблагодари и на други седум фудбалери преку веб-сајтот, а тоа се Ким Сеукјун, Огнен Здравковски, Симеон Здраковски, Јонус Рушту, Ѓорѓе Чосиќ, Дејан Ѓуриќ и Марио Костов.
Вардар го заврши првиот дел од сезоната на претпоследната позиција со 13 бодови, па го очекува тешка борба за опстанок во елитата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пасошот на Македонија е 64-ти во светот…
Според рангирањето на пасошот на Македонија, пресметката…
Путин разговараше со лидерите на Финска и…
Кабинетот на претседателот на Финска соопшти дека…
19-годишник доби кривична за вонбрачен живот со…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе…
Уапсен е 69 годишен кавадарчанец – кај…
МВР информира дека вчера попладне околу 15:00…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…