Објавено на:

Се роди бебе на гумен чамец

t

Шпанската спасувачка служба денеска соопшти дека оваа недела на гумен чамец со мигранти на пат кон Канарските острови се родило машко бебе и објави фотографии од новороденчето, неговата мајка и десетици други мигранти.

Спасувачките служби пред два дена го забележале чамецот покрај брегот на островот Лансароте, а мајката и бебето биле пронајдени во добра состојба, јавува Ројтерс.

„Беше изненадувачки (што најдовме) бебе кое беше родено 10, 15 или 20 минути порано. Жената лежеше на подот на преполниот чамец додека бебето беше во прегратките на некој друг во нејзина близина“, изјави Доминго Трухиљо, капетанот на спасувачкиот брод.

Тој рекол дека потоа го зел бебето во раце и го тапкал по грбот, по што момчето престанало да плаче.

Во чамецот имало вкупно 60 луѓе, меѓу кои 14 жени и четири деца.

На Канарските острови од Западна Африка минатата година пристигнале рекорден број мигранти, поточно 46.843 лица, што претставува зголемување од 17 отсто во однос на 2023 година.

Според проценките на Министерството за внатрешни работи во Мадрид, околу 5.800 малолетници пристигнале на Канарските острови без придружба на возрасен во 2024 година, што предизвика спор меѓу регионалните заедници за нивната грижа, пишува Pais.

Невладината организација Каминандо Фронтерас соопшти дека во 2024 година вкупно 10.457 луѓе загинале обидувајќи се да стигнат до шпанскиот брег преку Медитеранот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…