Oпштина Карпош: Управниот суд го поништи претходното решение на Конзерваторскиот центар-Скопје за високатницата кај Воена болница

t

Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени до поединци од Секторот за урбанизам при Општина Карпош, локалната самоуправа има должност да ја информира јавноста, во врска со одобрението за градење број УП 1 бр. 47-560 од 18.01.2024 година издадено на инвеститорите „ЗСФ Ком“ ДООЕЛ Скопје и „Делта 2015 Констракшн“ ДООЕЛ Скопје, на улица Никола Русински.

Имено, од страна на Управниот суд на РСМ доставена е пресуда до Секторот за урбанизам на Општина Карпош, која се однесува на утврдување на законитоста при издавање на градежна дозвола за предметната локација и законитоста на позитивното конзерваторско мислење бр. 08-688/3 од 08.11.2023 година, со која се поништува решението на претходното конзерваторско мислење, информираа од општината предводена од градоначалникот Стевче Јакимовски.

Управниот суд на РСМ донесе одлука со која, поништувањето на решението на позитивното конзерваторско мислење од страна на НУ Конзерваторски центар – Скопје е неправилно и незаконито, од причини што во правниот промет не можат да постојат два правни акта, т.е. две конзерваторски мислења донесени по исто барање, но со сосема различна содржина и притоа да произведуваат различни правни дејства.

-Затоа второто, (негативното конзерваторско мислење) по службена должност мора да биде повлечено од правниот промет од страна на НУ Конзерваторски центар – Скопје, од причини што ваквото постапување на органите сериозно ја доведува во прашање правната сигурност на сите правни и физички лица во РСМ. Против оваа одлука на Управниот суд, незадоволната странка во постапката нема право на жалба. Практично, со оваа одлука на Управниот суд на РСМ се потврдува дека Секторот за урбанизам на Општина Карпош постапил законито, при издавањето на дозволата за градба на горенаведената зграда, стои во соопштението на општина Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Омилената докторка на повредените е нова директорка…

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…

Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Насилник од Карпош ја натепал сопствената сестра,…

Вчеравечер околу полноќ, во скопската општина Карпош…

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…

Сите повредени во пожарот кои биле на…

Во Карпош ќе се поставува „Репелент“ против…

Од Општина Карпош информираат дека како дел…