Словачка ќе презеде реципрочни мерки против Украина
Словачка ќе донесе остри реципрочни мерки против Украина доколку не се решат проблемите кои настанаа откако Киев не го продолжи договорот со Москва за транзит на руски гас низ Украина, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
Тој ова го изјави денеска по разговорот со европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен, пренесува Ројтерс.
Фицо го обвини Киев дека ѝ наштети на Словачка со тоа што не го продолжи договорот за транзит на гас со Русија за транспорт на гас преку Украина и се закани дека ќе возврати со прекинување на итна испорака на електрична енергија за Украина или намалување на помошта за бегалците.
Тој изјави дека за време на неговата посета на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, обезбедил снабдување со гас за Словачка и покрај прекинот на украинскиот транзит.
Според податоците на словачкиот оператор на гасоводот Еустрим, откако беше прекинат транзитот на гас преку Украина, Словачка увезува руски гас што доаѓа од Унгарија преку гасоводот Турски тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…
Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…
Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!
Украина изврши ракетни напади врз објект на…