Филипче ги обвини: Нема место за опасни политики во нашето општество, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ сојузници во создавање тензии
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ остро ја критикуваше реториката и политиките на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи ја нивната улога во подигање на етнички тензии и создавање на политичка нестабилност.
„Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество,“ изјави Филипче.
Тој ги посочи ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како главни актери во сценаријата кои го нарушуваат напредокот на Македонија, истакнувајќи ја нивната наводна неформална соработка.
„ДУИ продолжува со овие практики, а ВМРО-ДПМНЕ само профитира и ја подгрева ситуацијата. Иако јавно ги осудуваат и тврдат дека се во конфликт, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Претходните заеднички гласања во Собранието, како и мистериозното бегство на Артан Груби, за кое добивме смешни објаснувања од МВР, само ги потврдуваат сомнежите дека имаат задкулисни договори,“ додаде тој.
Филипче предупреди дека ваквите политики не само што ги попречуваат реформските процеси, туку и ги влошуваат меѓуетничките односи. Тој ги посочи последните инциденти на Денот на албанското знаме како пример за резултатите од политиките на поделби и провокации.
„Наместо да зборуваме за економски напредок, интеграција во ЕУ и подобар живот за граѓаните, постојано се враќаме на теми кои создаваат тензии и конфликт,“ истакна тој.
СДСМ, според Филипче, ќе остане посветен на соработка со партии кои ги споделуваат вредностите за транспарентност и градење на политики кои ги обединуваат граѓаните. „Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста,“ заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче ги обвини: Нема место за опасни…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…
Прв случај на метапневмовирус во Романија
Во Романија е потврден првиот случај на…
Почина уште еден од ранетите во масакрот…
Дејан Кокотовиќ од Цетиње почина денеска во…
Алијанса на Села за двојазичните лиценци во…
На одлуката на Гордана Силјановска Давкова реагираше…
Јаневска: Се доработува повлечениот предлог-закон за средно…
Предлог-законот за средно образование во моментов се…