МНР ја осудува изјавата на Костадинов: “Напад врз суверенитетот на државата”

t

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија остро реагираше на објавата на лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, објавена на социјалната мрежа Facebook. Во својата изјава, Костадинов изразува територијални претензии кон Северна Македонија, што МНР го квалификува како „директен напад врз суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава“.

Во реакцијата, Министерството нагласува дека ваквите изјави на бугарски официјални лица се не само неприфатливи, туку и спротивни на основните принципи на меѓународното право, кои подразбираат немешање во внатрешните работи на суверени држави. Дополнително, ваквите изјави го нарушуваат процесот на градење добрососедски односи, кој е суштински за регионалната стабилност и европските интеграции.

„Очекуваме официјална Софија јавно да ја осуди оваа недолична изјава на Костадинов како непримерна за духот и времето во кое живееме, но и спротивна на европските стандарди и нашите заеднички заложби за мир, стабилност и просперитет во регионот“, се вели во реакцијата на Министерството.

МНР потсетува дека градењето на добрососедски односи е клучен дел од политиката на Северна Македонија, како и од заедничките европски вредности што треба да ги почитуваат сите земји во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…