Продолжуваат блокадите на српските студенти – Во сабота протест пред БИА!

t

Блокадите на српските студенти продолжуваат и денеска. Студентите на ФДУ го објавија протоколот на денешната акција, која започнува во 13 часот, кога се собираат пред Вишото јавно обвинителство на улицата Савска (Палата на правдата). Тие најавија дека во 13 часот и 30 минути ќе одат кон Газела. Во втората фаза од протестниот марш е предвидено блокирање на автопатот во правец на Нов Белград, а во третата, блокирање во правец на Автокоманда. Потоа следува финализирање на блокадата на целата Мостарска јамка, при што учесниците на протестот се упатуваат кон Клиничкиот центар на Србија.

Блокадата на Мостарската јама, како што најавија студентите, ќе трае до 15 часот.

Најавија дека на протестот нема да има говори и дека како и досега се оградуваат од сите политички партии и организации.

Студентите најавија и дека во сабота, на 11 јануари, ќе се соберат пред Безбедносно-информативната агенција (БИА) на „пријателски разговор, бидејќи не се плашат од нив и немаат што да кријат“.

Тие, како што најавија, ќе се соберат во недела на 12 јануари пред Уставниот суд за да го изразат своето незадоволство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…