38 вработени во Агенцијата за супервизија на осигурување не чинат 1,2 милиони евра за плати, 100.000 евра за службени патувања!
Ова го има само во Македонија… 38 вработени во Агенцијата за супервизија на на осигурување ќе потрошат 100.000 евра за патни трошоци…
Седницата е закажана за 21 јануари, а во планот кој е достапен на веб-страницата на Собранието можат да се видат фрапантни бројки кои Агенцијата ги предлага за годинава.
Во финансискиот план, Агенцијата предвидува расходи од 136.785.882 денари или нешто над 2,2 милиони евра што е за 10 милиони денари повеќе од буџетот за 2024 година.
За плати и надоместоци на плати ќе се потрошат 73 милиони денари или 1,2 милиони евра.
За дневници за службени патувања и патни трошоци се планира да се потрошат 6 милиони денари исто колку во 2024 година, за превоз и транспорт 400.000 денари, за репрезентација, реклама и пропаганда 30.000 евра, за наем на возила и опрема 45.000 евра.
За надоместоци на трошоци на вработени (закупнина на стан како и комунални услуги) 62 илјади евра.
За поштенски услуги се наменети 300.000 денари, за гориво 900.000 денари, за копирање, печатење и издавање исто толку. Материјалните расходи, услугите и амортизацијата ќе изнесуваат 500.000 евра.
За други расходи ќе се потрошат 23 милиони денари или нешто над 350.000 евра и под оваа ставка спаѓаат провизии, премии за осигурување, лекарски прегледи за вработени, членарини и интелектуални услуги за кои ќе се издвојат 8,24 милиони денари што е сепак помалку од лани кога се издвоил 9,34 милиони.
Месечниот надомест на надворешните членови на Совет на експерти ќе чини 1,5 милиони денари, а за надомест за комсии ќе се потрошат 1,6 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
38 вработени во Агенцијата за супервизија на…
Ова го има само во Македонија... 38…
Ајдари: Потфрлија Меџити, Тошковски, Исени и Стоилковиќ…
Пратеничката од Европскиот фронт, Рина Ајдари на…
Денес се распушта Собранието на Косово –…
Собранието на Косово денеска ќе се распушти.…
Спасовски: Проблемот со Законот за бранители се…
СДСМ нема да ги поддржи и нема…
Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на…
Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија…