2024 година е најтоплата година досега
2024 година беше најтоплата година досега, изјави портпаролот на Светската метеоролошка организација (СМО) пред објавувањето на сеопфатниот извештај кој ги вклучува наодите на различни регионални институти за следење на климата.
Извештајот кој се очекува да биде објавен во 17:00 часот по локално време во Женева ќе ги спореди наодите од метеоролошките опсерватории во Велика Британија, Кина, ЕУ и САД, изјави портпаролката Клер Нулис.
„СМО подоцна ќе потврди дека 2024 година била најтоплата година досега“, рече таа на прес-конференција во Женева.
„Видовме невообичаени температури на површината на копното и морето, невообичаена топлина на океаните, придружени со многу екстремни временски настани кои зафатија многу земји во светот, уништувајќи животи, средства за живот, надежи и соништа“, додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон го собира Г7: Енергетската криза станува…
Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на…
Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во…
Мега парк од 50.000 м² во Бутел,…
(Видео) Не е на арно кога генерали…
НАТО има подготвено околу 4.000 страници воени…
Мицкоски: Антимонот може да ја зголеми стратешката…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потенцијалните резерви…
Поднесено обвинение за дел од осомничените за…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…