Објавено на:

Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби на неговиот прв ден во Белата куќа

t

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби кои ќе бидат лансирани на првиот ден од неговата администрација, 20 јануари.
Трамп ги информирал републиканските сенатори за оваа акција за време на приватна средба на Капитол Хил, пренесе АП.
Главниот советник на Трамп, Стивен Мулер, им ги претстави на сенаторите мерките поврзани со граничната безбедност и спроведувањето на имиграцијата, кои би можеле да бидат меѓу првите наредби.


Ќе ги има значителен број од нив“, изјави сенаторот Џон Ховен од Северна Дакота.
Сенаторите информирани за плановите на Трамп за време на состанокот на Капитол Хил оваа недела очекуваат новата администрација да повлече многу од извршните наредби на претседателот Џозеф Бајден.
Довршување на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико и воспоставување на имиграциски притвори за сместување на мигрантите додека не бидат депортирани се само дел од предлозите, кои би можеле да чинат околу 100 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…