Објавено на:

Бајден ќе има проштално обраќање до нацијата

t

Американскиот претседател Џо Бајден ќе има проштално обраќање до нацијата во среда од Овалната соба – пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот шеф на државата, Доналд Трамп, објави Асошиетед прес.

Обраќањето на претседателот се смета за негова последна значајна можност да им се обрати на Американците и на светот пред да замине од Белата куќа на пладне на 20 јануари. Во понеделник тој ќе одржи говор во Стејт департментот кој ќе се фокусира на неговото надворешно политичко наследство.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер им рече на новинарите дека Бајден „ќе размисли за неговите повеќе од 50 години како јавен службеник“.

„Тој има некои размислувања за иднината, не само за земјата, туку и за тоа како таа напредува како лидер, адресирајќи ги глобалните настани, важните глобални прашања. Тој дефинитивно ќе зборува за тоа“, откри таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…

Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…