(Видео) Јакимовски со жестока реакција на изјавата на Костадинов од „Преродба“ – Македонци берете памет!
Колку пати реков дека ова не е битка за европска Македонија, туку е битка за постевропска Македонија? Како што се распаднало Отоманското царство, Римската империја, Наполеоновото царство, СССР, така еден ден ќе се распадне и Европската Унија. Тогаш повторно ќе има прекројување на граници и во таа нова консталација на сили, геополитика и меѓународни односи, Македонија ќе ја припојат кон Бугарија.
А зошто?
Па затоа што сме прифатиле – признале дека имаме заедничка историја, заеднички корени, нашиот јазик е наречје на бугарскиот јазик. Дека сме измислена нација од 1944 година, и дека историските личности и настани се заеднички. И ова сум го зборувал повеќе пати во мои јавни настапи, а сега лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов изгледа јадел нога од кокошка па зборува малку повеќе од тоа што треба да се знае за тоа што ни мисли и што се’ подготвува официјалната бугарска политика. Кога го имав ова интервју на Канал 5 во емисијата „Само интервју“ на 27 ноември 2020 година во Македонија абер се немаше дека Бугарите ќе треба да влезат во Устав, а уште помалку пак тоа се сфаќаше сериозно. Денес, условот Бугарите да влезат во Устав е реалност!
Македонцииии, берете памет!
Ова е изјавата на лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов во објава на Фесјбук.
„Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател. Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години. Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јакимовски со жестока реакција на изјавата…
Колку пати реков дека ова не е…
Хрватска утре на претседателски избори, анкетите предвидуваат…
Во Хрватска е изборен молк пред вториот…
(Видео) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје
Драги мои сограѓани и граѓани на македонската…
Бајден в среда ќе го одржи својот…
Американскиот претседател Џо Бајден в среда ќе…
Автомобил излета од патот Владимирово – Берово,…
На 9 јануари во 22.56 часот во…