Најмногу снег има на Попова Шапка, повеќе од пола метар!
ИНФОРМАЦИЈА ОД УХМР ВО 08:30 ЧАСОТ:
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-9 Попова Шапка, -8 Маврови Анови, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп, Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид, Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 1 Гевгелија, 2 Претор.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа (во l/m2)
16 Дебар, 12 Маврови Анови, Охрид, 10 Попова Шапка, Берово, 9 Крушево, Претор, 7 Крива Паланка, 6 Струмица, 4 Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 Штип, 1 Кавадарци, Тетово, Виница.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
52 Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица, Демир Капија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Облачно со врнежи претежно од снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.
Од АМСМ известуваат дека од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајски снег го прекри Балканот
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…
(Фото) Австрија завеана во снег
Наместо пролетни температури, во некои делови на…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Врнежи од снег на некои планинските превои,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…