Специјалниот обвинител Џек Смит поднесе оставка по завршувањето на кривичните истраги против Трамп
Американскиот специјален обвинител Џек Смит поднесе оставка од Министерството за правда, по завршувањето на кривичните истраги против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во врска со неговите наводни обиди да го смени неговиот изборен пораз во 2020 година, објави денеска „Политико“.
Веста за оставката на Смит беше објавена претходно денеска во фуснота на поднесокот на Министерството за правда до американската окружна судијка Ајлин Кенон, во кој од неа се бара да не го продолжува судскиот налог со кој привремено го блокира објавувањето на конечниот извештај на Смит за истрагите кон Трамп.
Претставници на Министерството за правда изјавија дека судијката ги пречекорила нејзините овластувања и немала овластување да го блокира државниот обвинител Мерик Гарланд да ги објави наодите на Смит.
Забраната издадена од Кенон е на сила до понеделник.
Според „Политико“, се очекуваше Смит да поднесе оставка пред истекот на мандатот на актуелниот американски претседател Џо Бајден, а Трамп постојано повикуваше Смит да биде кривично гонет и предложи да биде исфрлен од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…