Генералниот секретар на НАТО од Трамп бара либерализација на одбранбениот сектор
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека се обидува да го убеди повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го олесни пристапот на европските партнери до американски воени системи, пренесува ДПА.
Руте истакна дека европските сојузници веќе вложуваат стотици милијарди долари во американската одбранбена индустрија.
– Многу повеќе би можело да се постигне доколку американскиот одбранбен сектор се либерализира и се отстранат потребите за одобрение од Конгресот, Пентагон и Белата куќа, нагласи Руте.
Тој го истакна интересот на Европа за системите за ракетна одбрана „Патриот“, кои чинат по две милијарди долари. – Ова се значителни средства за САД и нивната економија, додаде Руте.
Во моментов, процесот на набавка на „Патриот“ во Европа трае многу долго, посочи генералниот секретар.
Иницијативата на Руте доаѓа во момент кога се очекува Трамп да изврши дополнителен притисок врз европските сојузници за зголемување на трошоците за одбрана, бидејќи тој долго време ги критикуваше членките на НАТО за недоволно вложување.
Во вторникот, Трамп ги повика сојузниците да постават цел за трошење 5 отсто од БДП за одбрана, што е значително над сегашната цел од 2 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…