Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници на Армијата
Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце каде пред 17 години во хеликоптерска несреќа трагично ги загубија своите животи единаесет припадници на македонската Армија враќајќи се од мировната мисија “АЛТЕА” во Босна и Херцеговина, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.
„Оддаваме почит на нашите загинати припадници на Армијата и на нивните семејства. Да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело, за мирот и безбедноста. Во спомен на Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Александар Тасковски, Мики Ивановски, Александар Васиќ, Златко Вељаноски. Нека им е вечна слава“, пишува Мисајловски во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…