Џуд Ло ќе го глуми Путин на млади години: „О, Боже, како ќе го изведам ова?“
Англискиот актер Џуд Ло (52) потврди дека ќе ја игра улогата на рускиот претседател Владимир Путин во претстојниот филм „Волшебникот од Кремљ“ („The Wizard of the Kremlin“), во режија на францускиот режисер Оливие Асајас.
Ло ќе има споредна улога, односно ќе се појави во филмот како Путин „на почетокот на неговата владејачка кариера“.
„Сè уште не сум почнал да работам на таа улога. Мислам, почнав, но во моментов ми изгледа како Еверест кој треба да го искачам, а јас сум во подножјето и си велам: ‘О, Боже, што реков?’. Си велам: ‘Како ќе го направам ова?’. Но, како и да е, тоа е нешто што самиот треба да го средам“, раскажа Ло во интервју за „Дедлајн“.
Ќе станува збор за филмска адаптација на истоимената книга на Џулијано да Емполи од 2023 година, со сценарио на Асајас и Емануел Карер.
Според „Варајети“, во филмот ќе глумат Пол Дано, Алиша Викандер и Зак Галифианакис.
Дано наводно ќе го игра главниот лик Вадим Баранов, уметник кој стана телевизиски продуцент кој „ја замаглува вистината со лаги, вестите со пропаганда, насочувајќи го целото општество како едно големо реално шоу“, додека „работи во срцето на руската моќ“.
„Само неговата љубов кон магнетната, слободоумна Ксенија може да го одврати од оваа опасна игра“, се додава во синопсисот од „Варајети“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Скандал: Нурмагомедов исфрлен од авион во…
Поранешниот УФЦ-борец Хабиб Нурмагомедов предизвика скандал во…
Џуд Ло ќе го глуми Путин на…
Англискиот актер Џуд Ло (52) потврди дека…
Јасухира барал пари за да игра за…
Репрезентацијата на Јапонија се подготвува за својот…
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До крајот на 2025 можна ерупција…
Вулканот наречен Аксијален Гребен (Axial Seamount), кој…
Се менува законот за странци: „Бехтел и…
Преку законски измени ќе се олеснува ангажирањето…