Објавено на:

Митревски пред СП: Сите сме желни за победи!

t

„Во завршна фаза сме на подготовките за СП. Атмосферата е одлична и сите со нетрпение го очекуваме првиот натпревар, знаеме што ќе не очекува таму и мораме 100% спремни да влеземе од самиот почеток на ова СП.

Сите три противници се квалитетни репрезентации, но мислам дека и ние треба да сме меѓу трите репрезентации кои што ќе се пласираат во главната фаза. Иако Гвинеја е прв пат на Светско првенство, секако дека ќе дадат се од себе, имаат добри играчи кои играат во европски лиги, така да мислам дека групата е одлична за надигрување“, ни изјави Никола Митревски.

Нашите ракометари го ветуваат максимумот на теренот, тие се желни за победа, посакуваат да ја израдуваат нацијата во овие ладни јануарски денови.

„Одиме на секој натпревар спремни за надигрување, сите сме желни за победа. Иако имаме млади играчи, дел имаат по неколку големи натпреварувања зад себе, сигурно дека ќе го дадеме нашиот максимум. Дали тоа ќе биде доволно или не, ќе видиме после завршувањето на натпреварите“.

Македонија на ова СП ќе настапи со играчи кои играат во домашниот шампионат, за првпат во својата историја. Митревски како предност гледа во тоа што сите меѓусебе добро се познаваат.

„Да, веројатно ова е прв пат на големо натпреварување да имаме играчи коишто настапуваат само во македонското првенство, сите играчи добро се познаваат меѓусебе, така да ќе биде интересно да видиме како тоа ќе изгледа на теренот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…