Цените на храната во светот паѓаат, во Македонија растат
Според анализа на Порталб, ланската година беше инфлациски тешка за граѓаните на Македонија, бидејќи цените на голем дел од основните прехранбени производи бележат раст на годишно ниво.
Годинава, Владата предвидува „поумерена“ ценовна ситуација, со проектирана инфлација од 2,2%. Сепак, ова оптимистичко сценарио е засенето од глобални ризици, како што се војната во Украина и најавите од претседателот на САД Доналд Трамп за воведување царински бариери за ЕУ и Кина.
Иако глобалниот индекс на цените на храната се намалува за 2,1% во однос на 2023 година, во Македонија цените на животните трошоци, особено за храна, пораснале за 2,7%. Најголем пораст има кај цените на овошје, зеленчук, шеќер и кафе.
Индексот на цените на житариците во светот е намален за 13,3%, но во Македонија цените на лебот и житата се зголемени за 0,8%. Пад на цената на шеќерот глобално е регистриран од 13,2%, додека на домашниот пазар цените за шеќер (мед, чоколада) се зголемени за 4,5%.
Во 2024 година се очекува стабилизација на цените, што би довело до намалување на инфлацијата, но постојат ризици од геополитички напнатости, особено во однос на најавените царински мерки на САД и можни бариери во трговијата со Кина и Европа.
Владата предвидува дека инфлацијата во 2025 година ќе се намали на 2,2%, благодарение на стабилизацијата на цените на основните прехранбени производи и енергенсите. Сепак, економските ризици од војната во Украина и геополитичките поделби може да влијаат на економијата, особено на извозот кон Германија, еден од најважните пазари за Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…