Вработените во јавната администрација денеска на протест, бараат 30 отсто додаток на плата

t

Шест министерства и две државни институции денеска почнуваат со најавените протести поради непотпишувањето на новите Колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.

Вработените ќе протестираат по половина час, а локацијата ќе се менува секој ден.

Според најавите од УПОЗ во петок протестот ќе се одржи пред министерството за финансии.

Велат дека вработените во овие министерствата, се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Од минатата недела пак вработените во Државното правобранителство се во штрајк, а причината е иста – Колективен договор и 30 отсто додаток на плата.

Раководството на УПОЗ до сега имало неколку контакти со државниот правобранител но засега нема решение.

Од министерството за финансии соопштија дека во Буџетот за 2025 година се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработени согласно претходно потпишани колективни договори.

Но, од УПОЗ велат дека барањето за мислење од финансии за новите колективни договори со кој е предвидено зголемувањето на додатокот на плата го поднеле пред да се изготви Буџетот за годинава, а одговор добиле откако државната каса била затворена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…